Fatjon Cuka
27 Ноември 2019•Ажурирај: 28 Ноември 2019
ТУМАНА (АА) - Институтот за геонауки, енергија, вода и животна средина (ИГЕУМ) на Албанија, соопшти дека земјата е потресена од нов земјотрес со јачина од 5,6 степени, со епицентар во Јадранот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Албанското Министерство за одбрана истакна дека од безбедносни причини, сите активности за пребарување и спасување во областа погодена од вчерашниот земјотрес кратко се прекинати.
Потсетуваме дека Албанија вчера беше погодена од два моќни земјотреси со епицентар во Драч, во 03:55 часот со јачина од 6,3 степени, на длабочина од 10 километри, и вториот потрес со јачина од 5 степени со епицентар на Ртот на Родон, оставајќи десетици мртви и стотици повредени.