Fatjon Cuka
25 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
ТИРАНА (AA) – На парламентарните избори во Албанија до 16 часот гласаа 35,7 отсто регистрирани гласачи, објави Централната изборна комисија (ЦИК) на Албанија, која поради малата излезност го продолжи гласањето за еден час, односно до 20 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
Најголемата излезсност забележана е на подрачјето на општина Берат, каде до 16 часот гласале 43,5 отсто од гласачите, додека во Тирана, излезноста изнесувала 36,4 отсто.
Поради малата излезност ЦИК донесе одлука изборниот молк да го продолжи до 20 часот, потврди портпаролката на комисијата Дрилона Хоџај, која ги повика граѓаните да излезат и да гласаат.
Граѓаните на Албанија денеска гласаат на деветите парламентарни избори од падот на комунистичкиот режим од 1991. година, на кои 3,4 милиони граѓани со браво на глас можат да го бираат новиот состав на парламентот.
На денешните избори учествуваат 18 политички партии, а за 140 места во парламентот се борат 2.666 кандидати.
Централната изборна комисија (ЦИК) на Албанија соопшти дека на овие избори нема регистрирани коалиции.
Право на глас имаат 3. 452. 260 албански државјани, кои ќе можат да гласаат на 5.362 гласачки места. Изборите ги набљудуваат 5.351 набљудувач, од кои околу 900 нив се од меѓународни мисии. Изборниот процес го обезбедуваат околу 6.000 припадници на полицијата.
На одредени гласачки места забележани се помали инциденти, а во Тирана полицијата приведе две лица поради кршење на изборната процедура.
На изборите повторно се натпреваруваат две водечки политички партии - Социјалистичката парија (ПС) на актуелниот премиер Еди Рама која се бори за втор мандат и опозициската Демократска партија (ПД) на Љуљзим Баша.
Тука е и Движењето за Социјалистичка интеграција (ЛСИ) на Петрит Васили, кој во текот на предизборната кампања говореше за амбиции и победа.
Преизборната кампања на овие партии воглавно се засноваше на реформска агенда, ветувања за брз економски раст, зголемување на плати и намалување на невработеноста.
Парламентарните избори првобитно беа распишани за 18. јуни, но беа одложени а 25. јуни поради бојкот на опозицијата. Договор за одржување на изборите, по тримесечната криза, постигнат е помеѓу власта и опозицијата со посредство на ЕУ и САД.