Fatjon Cuka
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште две лица, а откриени се уште рекордни 117 нови случаи на вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата се зголеми на 95, додека вкупниот број на откриени случаи се искачи на 3.571.
Во последните 24 часа направени се 585 тестирања, а досега во земјата се реализирани вкупно 32.938 тестирања.
Излекувани се уште 68 пациенти заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 2.014.
Моментално во земјата има 1.462 активни случаи.