Fatjon Cuka
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија уште шест лица се излекувани од новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на излекувани лица во земјата се зголеми на 795, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се вели дека во последните 24 часа се откриени уште шест нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 1.004, додека моментално во земјата има 177 активни случаи.
Меѓу другото, во Албанија досега се извршени 14.659 тестирања за Ковид-19, а починаа вкупно 32 лица како последица на овој вирус.