Abdula Berisha
14 Ноември 2022•Ажурирај: 14 Ноември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, кој ја предводи владината делегација од западниод сосед, пристигна во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски со највисоки почести го пречека Рама.
Посетата е по повод меѓувладината седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија.

По официјалниот пречек, двајцата премиери одржуваат тет-а-тет средба.
Потоа треба да започне меѓувладина седница на која официјални обраќања ќе имаат премиерите на двете земји.
Предвидена е и церемонија на потпишување на Договори и Меморандуми од страна на министрите на двете Влади со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Се очекува Димитар Ковачевски и Еди Рама да одржат заедничка прес-конференција.