Dzihat Aliju
30 Август 2024•Ажурирај: 01 Септември 2024
СКОПЈЕ (АА) - Прием по повод 30 август - Ден на победата и Ден на турските вооружени сили организираше амбасадата на Република Туркије во Скопје, известува Анадолу.
Амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, беше домаќин на приемот што се одржа во резиденцијата на амбасада.
На приемот што започна со интонирање на националните химни на двете земји, присуствуваа заменик-началникот на Генералштабот на Република Северна Македонија, Азим Нуредин, пратеници, градоначалници, претставници на странски мисии во земјава, претставници на турски институции и организации и други гости.
Во својот говор амбасадорот Улусој истакна дека Република Туркије, која е формирана по Војната за независност и чија 101-годишнина се одбележува оваа година, серазвила во земја која е моќна на секое поле.

Наведувајќи дека модерната Република Туркије, која е изградена врз цврсти темели, направила голем напредок на секое поле, од економија до енергетика, од одбрана до транспорт, од образование до земјоделство, амбасадорот Улусој истакна дека Туркије продолжува со својот подем како модерна и просперитетна држава која прави конструктивни придонеси за светот и човештвото со својата динамична економија.
Зборувајќи дека Туркије направила голем напредок во одбранбената индустрија, Улусој рече:
„Како резултат на својата посветеност, Туркије стана една од 10-те земји во светот кои можат да дизајнираат, изградат и одржуваат свој воен брод. Ние сме меѓу првите четири земји во светот во производството на беспилотни летала. Туркије е земја која ги изгради брод ТЏГ „Анадолу“, прв во светот за беспилотни летала, беспилотниот воен авион Кизилелма, националниот борбен авион од петта генерација Каан, беспилотни летала кои се пионери во својот сектор и го докажаа својот успех повеќепати во воените зони, како и вооружените беспилотни летала Бајрактар, Акинџи, Аксунгур, АНКА 3 со голем број способности кои се стремиме постојано да ги унапредуваме.“
Потсетувајќи дека секоја година редовно обезбедуваат разни воени грантови и помош за своите сојузници со цел зајакнување на одбранбените капацитети, Улусој потсети дека денеска Туркије донирала воена опрема за армијата на Северна Македонија.
Нагласувајќи дека се решени да продолжат да ја зголемуваат соработката и поддршката со Северна Македонија, амбасадорот Улусој истакна:
„Се разбира, ние би сакале да ги видиме нашите пријатели и сојузници на наша страна без никакво ама или но, во нашата борба против сите видови закани за нашата национална безбедност и во нашата борба против проклетството на тероризмот, од кој ниту една земја на светот не е имуна. Сакаме дополнително да ја развиеме нашата соработка на ова поле со нашата пријателска и братска Северна Македонија, со која станавме сојузник по нејзиниот прием во НАТО.“

Полковник Реџаи Јилмаз, воено аташе на турската амбасада во Скопје, рече дека 30 август претставува исклучителен успех и една од славните победи на националната борба што Туркије ја започна со зборовите „или независност или смрт“.
Зборувајќи дека оваа победа, која е најјасен показател за посветеноста на турската нација кон независноста, отсекогаш им давала инспирација и сила на турската нација и турските вооружени сили од минатото до денес, полковникот Јилмаз продолжи со зборовите:

„Од големо значење и важност за нас е фактот што денот кога е извојувана оваа голема победа е посветен и на нашата армија и се одбележува како Ден на турските вооружени сили.“
Во рамките на програмата на која беше прочитана пораката на претседателот Реџеп Таип Ердоган по повод 30 август, директорот на Канцеларијата на „Аселсан“ за Балкан, Доган Џошкун, имаше презентација за институцијата што ја застапува.