Zülfiya Yakup
11 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ПРИШТИНА (АА) - Шефицата на канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова, го посети избирачкиот центар на гласачкото место на Филолошкиот факултет во Приштина, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа во разговор со членовите на изборните комисии и набљудувачи порача дека денес е многу важен ден за Косово.
„Среќна сум што има млади луѓе на гласачките места. Ги повикувам сите да излезат и да гласаат, затоа што вие треба да ги изберете своите лидери. Добро размислете кој ќе го изберете да ве претставува“, истакна Апостолова.
Предвремените парламентарни избори во Косово ги набљудуваат околу 100 членови на изборната набљудувачка мисија на Европската Унија.