Bojana Stojanovic
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
БЕЛГРАД
На улиците во Белград вечерва можат да се видат граѓани кои го искористија убавото време за излегување надвор по речиси два месеци, прв пат по 18 часот, бидејќи веќе не е во сила забраната за движење, која беше воведена како мерка против ширењето на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Доколку не се заштитните маски и ракавици, би изгледало дека животот во главниот град на Србија во потполност се врати во нормала.
Освен шетачите, можат да се видат и полни паркови, граѓани во градините од кафулињата и рестораните, но и редици пред бутиците.
Во Србија од денес нема забрана за движење која е во сила секој ден од 18 часот до 05 часот наутро, што значи дека сега слободно можат да се движат и граѓаните повозрасни од 65 години, на кои до вчера им беше дозволено само во текот на траење на полицискиот час.
Сепак, препорака за нив е да не влегуваат во градски превоз кој сообраќа од утре, а за сите важи мерката на социјална дистанца.
Вонсредната состојба, која беше на сила од 15 март е укината синоќа, бидејќи, како што наведоа од Кризниот штаб, степенот на позитивност на коронавирусот е под два отсто, а повеќе од седум дена е помал и од пет отсто.
Според податоците од 15 часот денеска, во Србија досега од последиците од Ковид-19 починале 206 лица, заразени се 9.848 лица, а излекувани се 2.160 лица.
Во земјата се тестирани 122.995 лица.