Zlatan Kapic
11 Август 2023•Ажурирај: 13 Август 2023
ТУЗЛА/САРАЕВО (АА) - Во пукање во Градачац, на североистокот на Босна и Херцеговина, денеска убиени се три лица, а уште три се ранети, јавува Анадолу.
Како што потврдија за АА од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон, осомничениот за убиствата и ранувањата извршил самоубиство.
Станува збор за маж од Градачац.
„Лицето по лоцирањето и пред да биде лишено од слобода изврши самоубиство“, наведоа од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон.