Elvır Hodzıc
25 Мај 2022•Ажурирај: 26 Мај 2022
САРАЕВО (АА) - Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево утринава добило дојава дека се поставени бомби во неколку училишта во неколку општини во Сараево, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Полицијата на кантонот Сараево во утринските часови добила повеќе дојави за поставени бомби во неколку училишта во кантонот Сараево, а на овој план се преземаат мерки и дејствија во надлежност на полицијата, вклучително и КДЗ-прегледи на тие училишни институции“, изјави за АА портпаролот на Министерството за внатрешни работи на КС, Мирза Хаџиабдиќ.
Истакнувајќи дека за случаите е запознаено и Обвинителството на кантонот Сараево, Хаџиабдиќ изјави дека повеќе информации ќе бидат познати по завршувањето на КДЗ-прегледите.
Дојавите пристигнале преку електронска пошта, децата се вратени дома, а училиштата за кои пристигнале дојавите се евакуирани. Станува збор за училишта во неколку општини во кантонот Сараево, меѓу кои Центар, Вогошќа, Стари Град и Илиџа.
Од МВР на кантонот Сараево во моментов не можат да дадат повеќе информации за целата ситуација, а настанот ќе биде соопштен по извршените прегледи.