Enesa Hrustanovic
04 Мај 2023•Ажурирај: 05 Мај 2023
БИХАЌ (АА) - Осумнаесетгодишниот А.З. од Бихаќ, Босна и Херцеговина, приведен е и однесен на сослушување во просториите на Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон, откако на социјалните мрежи најавил „незапаметен масакр“ во Средното мешовито училиште во Бихаќ, јавува Анадолу.
Случајот во локалната полиција го пријавиле поголем број граѓани и директорот на ова училиште.
„Полициската станица Бихаќ прими повеќе пријави од граѓани, како и од директорот на Средното мешовито училиште во Бихаќ, дека лице со иницијали А.З. на својот инстаграм-профил објавило дека ќе стори кривично дело. Службениците на Полициската управа Бихаќ презедоа мерки и го известија Обвинителството на Унско-санскиот кантон“, изјави Јусуф Мешиќ, в.д. комесар на полицијата.
Тој додаде дека сега веќе полнолетниот А.З., од порано им бил познат на органите на прогонот.
Федералната управа на полицијата и Обвинителството на Унско-санскиот кантон ќе продолжат да работат на случајот, а од Полицијата на Унско-санскиот кантон им порачуваат на граѓаните дека нема потреба од паника.