Zylfije Adem Jakupi
24 Ноември 2022•Ажурирај: 25 Ноември 2022
БРИСЕЛ (АА) - Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, синоќа објави дека Косово и Србија постигнале договор за регистарските таблички, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Борел на Твитер напиша:
„Имаме договор! Со големо задоволство можам да соопштам дека главните преговарачи на Косово и Србија, со посредување на ЕУ, се договорија за мерките за избегнување на понатамошна ескалација и за целосна концентрација на предлогот за нормализација на своите односи.“
Договорот е постигнат на состанокот на главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ во Брисел, со посредување на специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот, Мирослав Лајчак. Состанокот траеше речиси шест часа.
Косово ќе го прекине казнувањето поради српските регистарски таблички, а Србија ќе прекине да издава таблички со ознаки на косовските градови.
„Ќе ги поканам страните во наредните денови да разговараат за следните чекори“, рече Борел.
Поместениот рок од 48 часа за почетокот за изрекување парични казни за возилата кои не се пререгистрирани од старите српски на таблички со ознаката РКС, беше до денеска.