Bojana Stojanovic
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија две дози од вакцините против Ковид-19 ги примиле 23 отсто од граѓаните, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Со првата доза вакцинирани се 34 отсто од граѓаните, а планот е до крајот на април да се стигне до 37 отсто“, прецизираше Брнабиќ.
„Се надевам дека сите ќе ја задржат сериозноста и одговорноста за да можеме до крајот на мај и во текот на јуни да дојдеме до оној број, барем со првата доза, што ќе обезбеди крајот на јуни да го дочекаме безбедни“, рече таа во разговор за телевизија „Пинк“.
Премиерката исто така наведе дека верува дека има околу 500.000 или 600.000 луѓе кои сакаат да се вакцинираат, но не можат да си дозволат да отидат во некој од поголемите градови.
Таа изрази уверување дека процесот на вакцинација успешно ќе продолжи, имајќи предвид дека на пунктовите за вакцинација достапни се вакцините на Фајзер, Спутник Ве и Синофарм без претходно закажување.