Abdula Berisha
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа Институтот за јавно здравје регистрирал 111 излекувани пациенти од новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка изнесува 738, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Притоа, бројката на излекувани ја надмина бројката на активни случаи, која сега се намали на 650.
Во денешниот извештај на Институтот се регистрирани 4 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 77 лица.
Во соопштението на Министерството стои дека во изминатите 24 часа извршени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 16.436 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1.465.
Инаку, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, Владата на Северна Македонија донесе одлука, за празникот 1 Мај, односно петок, сабота и недела, ограничувањето на движењето да почнува во 14:00 часот.