Elena Teslova
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на лица заразени со Ковид -19 изнесува над 105.000, додека бројот на починати од последиците на вирусот е над 1.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 7.099 пациенти се позитивни на Ковид-19, а 101 пациент починаа во текот на изминатите 24 часа“, се соопштува од тимот за итни случаи.
„Вкупниот број на заразени изнесува 106.498, а вкупниот број на жртви достина 1.073“, се додава во соопштението.
Во соопштението се вели дека 208.000 лица се наоѓаат под медицински надзор во Русија, додека 11.619 пациенти се излекувале досега.
Русија неодамна го зголеми бројот на тестирања со надеж дека ќе ги дијагностицира пациентите во рана фаза и досега спроведе повеќе од 3,49 милиони тестови.
Ковид-19 се прошири во 185 земји и региони, откако за првпат беше забележан во кинескиот град Вухан минатата година. САД и Европа се најтешко погодени континенти.
Пандемијата во светот досега зеде над 227.800 животи, бројот на дијагностицирани случаи со вирусот надмина 3 милиони, додека речиси 982.800 заболени оздравеа, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД.