Oktaj Omeragikj
11 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека во последните 24 часа се направени 1.542 тестирања, при што се регистрирани 142 нови случаи на Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравени пациенти претходно заразени со новиот тип коронавирус.
Вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 во земјата од почетокот на пандемијата досега изнесува 15.555, додека бројката на оздравени пациенти е 12.994. Досега од последиците на заразувањето со Ковид-19 починаа 642 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.919.
Во изминатото деноноќие се направени 1.542 тестирања на Ковид -19, вкупно 163.132 досега.