Zylfije Adem Jakupi
11 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
ПРИШТИНА
На Косово во последните 24 часа животот го загубија 5 лица од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19, додека регистрирани се 50 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека од 561 тестиран примерок, 50 резултати биле позитивни на коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата во Косово се спроведени 56.606 тестирања, а позитивни биле 14.496 примероци, со 586 смртни случаи.
Во последните 24 часа оздравеа 117 пациенти, со што вкупниот број на оздравени се зголеми на 11.150. Во моментов активни се 2.760 случаи на заразување со Ковид-19.