Furkan Abdula
26 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Директоратот за турска дијаспора и сродните заедници (YTB) во Скопје организира Балканска академија за литература и авторство и Состанок за новинарство и објавување поткаст, известува Агенција Анадолија (АА).
На програмата присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје, претставници на Директоратот за турска дијаспора и сродните заедници (YTB), претставници од различни институции и организации во земјата, политичари и други гости.
Недим Аслан, раководител на Одделот за корпоративни односи и комуникации на Директоратот за турска дијаспора и сродните заедници (YTB), за медиумите изјави: „Како што знаете, Балканот има длабоко вкоренета историја на турската литература. Инспирирани од оваа турска литература, кон крајот на минатата година започнавме Академија за литература и авторство, со цел да се погрижиме новата генерација некако да се поврзе со турскиот јазик, турската литература, и да продолжи да делува на тоа поле. Прво одржавме еднонеделен тренинг во Косово со околу 45 студенти од 6 различни земји.“
Наведувајќи дека пријавите ги добиле на доброволна основа, а потоа преку интервју ги избирале учесниците, Аслан продолжи со зборовите: „Ги обучувавме, а потоа околу три месеци организиравме онлајн Академија за литература и авторство за овие млади луѓе. Сега планираме дека заедно, по оваа средба, ќе издадеме списание за турската литература што ќе се обраќа до младината на целиот Балкан.“
Посочувајќи дека на состаноците во Скопје во наредните неколку дена со учество на 35 луѓе ќе работат на изработка на списание со поддршка на Директоратот за турска дијаспора и сродните заедници (YTB), Аслан продолжи со зборовите:
„Тие поминаа време со нашите почитувани професори од Турција. На крајот на минатата година во Призрен, Косово, добија еднонеделна обука. По проценките направени на крајот од оваа обука, од повратните информации што ги добивме и од трудовите што ги побаравме од нив, направивме нов избор и оваа елиминација ја поминаа 35 лица. Потоа продолживме со 3-месечните онлајн обуки со овие 35 лица. На крајот од овие обуки, нашите студенти ќе имаат одлична работилница тука за креирање на редакцијата и за определување на темите на работа на новото списание. Тогаш се надевам дека ќе имаме проект за дигитално списание во блиска иднина.“
Аслан изјави дека во овој проект учествувале студенти од Косово, Северна Македонија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина и Албанија.
Мурат Казанџи, раководител на Одделот за културни и социјални односи на Директоратот за турска дијаспора и сродните заедници (YTB), истакнувајќи ја важноста на оваа програма, рече: „Кога ќе се осврнеме на овој проект за следните 10-20 години, тој ќе биде почеток на едно литературно дело во кое ќе бидат напишани, преведени и објавени стотици дела. Се надевам дека ќе биде значаен проект. Учесниците на овој состанок ќе размислуваат, ќе се консултираат и ќе разговараат за создавање нов медиум за објавување списанија и поткасти, и на крајот, во живот ќе спроведат важен канал.“
Состаноците за новинарство и објавување поткаст на Балканската академија за литература и авторство, отворени денеска, ќе продолжат до 2 март 2022 година.