СКОПЈЕ
„21 декември - Денот на наставата на турски јазик“, официјалниот празник на Турците кои живеат во Северна Македонија, беше одбележан со програма одржана во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Институтот Јунус Емре (YEE), приемот го организираше Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ).
Покрај претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, на приемот присуствуваа претседателот на парламентот на Северна Македонија, Талат Чафери, првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија Артан Груби, министерка за образование и наука, Мила Царовска, потпретседателот на ТИКА Махмут Чевик, поранешниот претседател на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, претставници на турските институции и организации од двете земји, парламентарци, партиски лидери, академици, наставници и други гости.
Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, во својот говор изрази задоволство што со овој празник институционално и како граѓани на Северна Македонија изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која, според него, е неделив дел од општественото ткиво на земјата.
„Несомнено дека турскиот јазик, култура и обичаи се толку одомаќени и се дел од сите култури, обичаи и јазици кои постојат и се активни во нашата земја, што не ги ни чувствуваме како далечни и непознати, туку само ја збогатуваат сликата уште повеќе. Без разлика колку тоа парче од мозаикот е големо или мало, нека е и најмалото, сепак е значаен колку и најголемото затоа што доколку не би постоело, сликата не би била комплетна“, рече Џафери.
Министерката за образование и наука Мила Царовска упати честитка по повод 21 декември, Денот на наставата на турскиот јазик, посакувајќи празникот да се слави многу години.
Царовска рече дека наставата на турски јазик во Северна Македонија е овозможена од 1944 година, додавајќи дека тоа останало како уставна категорија по осамостојувањето на земјата.
Царовска исто така рече дека денеска 1.800 ученици ја следат настава на турски јазик во основните и средните училишта во Северна Македонија.
„Учењето на мајчин јазик не треба да биде привилегија, се работи за основно човеково право кое треба да биде овозможено секому. Ако детето учи на јазикот кој што прв пат го слуша кога ќе се роди, најдобро го разбира и многу подобро го усвојува сѐ она кое што го учи во училиште, сите наставни содржини, и има попозитивен став кон училиштето“, рече Царовска.
Од друга страна, амбасадорот Секизќок рече дека турската заедница, која е една од основачките народи на Северна Македонија, силно ја поврзуваат Турција и Северна Македонија.
„Луѓето од овие земји денес ги прикажуваат сите убавини на културата на соживот, исто како што тоа го правеле со векови. Турската заедница со својот јазик, религија, литература, музика, архитектура, традиции и обичаи и многу други карактеристики, ја збогатува културната текстура на Македонија и покажува дека е обединувачки и интегрирачки елемент на оваа земја“, нагласи Секизќок.
Од друга страна, потпретседателот на ТИКА, Чевик истакна дека Турците од Румелија, а особено Турците од Северна Македонија, со векови го штитат духот, умот и светото богатство на турската нација и за таа кауза ја платиле цена.
Истакнувајќи дека 12 отсто од заедниците што живеат на Балканот денес зборуваат турски, Чевик рече: „Турците од Северна Македонија живеат во мир и благосостојба со сите заедници, исто како и 10-те милиони луѓе кои живеат во Румелија и зборуваат турски. Кај нив се забележува добронамерен народ којшто конкретно ги штитат националните интереси на државите каде што живеат.“
Наведувајќи дека денес има од 7.000 до 8.000 турски зборови во албанскиот, српскиот, македонски и босански јазик, Чевик рече: „Турскиот во Северна Македонија е турскиот на Анадолија. Тоа е основата на анадолскиот турски јазик. Турскиот е јазик на мирот, спокојството и просперитетот во Румелија.“
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Емин, пак, изјави дека активностите на 21 декември годинава ги спроведоа со ограничувања поради епидемијата и им се заблагодари на сите што ги поддржаа.
Денес, како Турци од Северна Македонија, уште еднаш ја доживуваме радоста да бидеме обединети со турскиот јазик, да постоиме со сопствената култура и да се држиме слободно до сопствениот идентитет.
„Заедно со овој ентузијазам, би сакале да ги пренесете поздравите на Турците од Македонија до нашиот светски лидер, нашата надеж и нашиот претседател, почитуваниот господин Реџеп Таип Ердоган“, нагласи Хусрев Емин.
Во рамките на програмата беа доделени подароци на првопласираните три ученици на конкурсот во категориите поезија, проза и ликовен цртеж на тема „Турскиот јазик од Румелија до Туркменистан“ организиран од МАТУСИТЕБ, со поддршка на ТИКА.
.
news_share_descriptionsubscription_contact
