Shpetim Hiseni
09 Март 2023•Ажурирај: 10 Март 2023
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Платформата за родова еднаквост, во Скопје се одржа марш за правата на жените со слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“, јавува Анадолу.
Со пораки „Не сакаме тава, сакаме права“, „Денес марш, утре штрајк“, и „Државата што не постапува е држава која убива“, синоќа на плоштадот „Филип Втори“ започна маршот за правата на жените, по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март.

Маршот потоа продолжи кон зградата на Владата и до паркот „Жена борец“ пред Собранието на Северна Македонија.
Платформата за родова еднаквост соопшти дека овој марш е протестен одраз на настаните во Северна Македонија и колективната негрижа за жените и девојките од секој аспект: од зголемените стапки на насилство, фемициди, секојдневните социјални и здравствени неправди и економската несигурност, сѐ до високата сиромаштија што особено ги погодува жените.