Eyüp Elevülü
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ОРДУ (АА) - Со поддршка на Министерството за млади и спорт по повод 101-годишнината од Битката на Чанаккале, во Орду, град во северниот дел на Турција започна Маршот во чест на 57-от Пешадиски полк којшто учествуваше во битката на Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
По заедничкиот појадок, учесниците на манифестацијата одржаа заедничка молитва за загинатите во војната.
Заменикот - градоначалник на Орду, Ахмет Чорух, во својот говор истакна дека денешниот собир е со цел на младите генерации да им се пренесе начинот на одбрана на земјата во Битката на Чанаккале која се случи пред 101 година, на 25-ти април 1915 година и додаде:
„Свеста која постоела тој ден треба добро да се пренесе на следните генерации. Денеска по повод маршот во чест на 57-от Пешадиски полк, зборувајќи дека ,љубовта кон татковината се потпира врз верата', со цел да го истакнеме овој единствен пример за одбрана на татковината, ги спомнуваме сите наши загинати борци со милост и благодарност. Слободата на оваа татковина не е добиена лесно и нам не ни е предадена во наследство лесно. Луѓето откажувајќи се од најважното, ни ја предадоа оваа татковина и ова знаме. Ние треба да го заштитиме тоа колку што е можно подобро.”
Локалниот директор на одделенето при Министерството за млади и спорт, Мустафа Генч, на овогодинешниот марш, го привлече вниманието со приказната за Битката на Чанаккале, која сè уште се смета за една од најголемите херoјски чинови, истакна:
„Во минатото нашите предци не го симнаа знамето, не ја поделија татковината, повикот за молитва не затаи. И денеска, оваа младина, полицијата и војската би требало да ја извршат истата обврска”.