Admir Fazlagic
15 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје денеска се одржа централната комеморативна програма насловена „15. јули - Победа на демократијата и националната волја" по повод одбележувањето на првата годишнина од обидот за државен удар во Турција, кој го изведе терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
На овој настан во организација на Претседателството на Турската агеција за соработка и кооординација (ТИКА) и под покровителство на Амбасадата на Република Турција во Скопје, присуствуваа заменик претседателот на Владата на Република Македонија Кочо Анѓушев, министерот за здравство Арбен Таравари, министерот без ресор Аднан Ќахил, амбасадорката на Турција во земјава, Тулин Еркал Кара, претставници на дипломатскиот кор, претседатeли на политички партии, како и претставници на граѓанскиот сектор.
Манифестацијата започна со едноминутен молк во знак на сеќавање на жртвите од неуспешниот обид за државен удар, по што следуваше интонирање на химните на Република Македонија и Република Турција.
Во името на Владата на Република Македонија пред присутните се обрати заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев кој рече дека ја има честа во името на владата да изрази солидарност со сите жртви на трагичните настани кои минатата година се случија на 15. јули во Турција.
„Македонија и македонската влада секогаш ќе биде на страната на демократијата и европските вредности во полната смисла на тој збор. Република Турција во нашата влада се гледа како голем пријател на Република Македонија и се гаеле секогаш пријателски односи од самиот прв ден на воспоставување на Република Македонија како независна држава. Ние сме благодарни што Република Турција во целиот пат на движењето како независна држава била искрен пријател и како таква сме ја чувствувале. Посебно е важно што Република Турција ја чувствуваме како голем економски партнер на Република Македонија", рече Анѓушев додавајќи дека економскиот развој на двете држави е фундамент во којшто двете држави ќе направат развој на сите полиња во нивната соработка.
Амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара во својот говор рече дека 15. јули е извонредна приказна храброст искажана од страна на турскиот народ против извршителите на обидот за државен удар.
„Невозможно е со зборови да се искаже дивеењето и предавството покажано од страна на извршителите на обидот за државен удар", рече амбасадорката Кара потсетувајќи на настаните од 15. јули кога приврзаниците на терористичката организација ФЕТО се обиделе да го извршат државниот удар. Таа истакна дека Турција и турскиот народ покажаа како треба да се одбрани демократијата.
Амбасадорката Кара потсети дека терористичката организација ФЕТО има свои организации и во Република Македонија, истакнувајќи дека во борбата против оваа терориситчка организација сеуште не се преземени конкретни мерки.
„Со жалење морам да констатирам дека училиштата, медиумите и фирмите на оваа терористичка организација сеуште се активни во Македонија. Ова посебно сакам да го подвлечам: овие организации на ниту еден начин не ја претставуваат Турција. Настрана што не ја претставуваат Турција, ги продолжуваат своите активности против Турција, негативно влијаат на односите помеѓу Турција и Македонија и чекаат прилика да ги затрујат постојните одлични односи помеѓу двете земји. Македонските раководители, веднаш по овој предавнички напад, меѓу првите покажаа солидарност со нашата земја. Знам дека во оваа борба Македонија е со нас", истакна Кара и потенцираше дека во тој контекст е многу важно на никаков начин да не бидат поддржани претставниците на ФЕТО во Македонија.
Потсети дека во претходниот период беше донесена одлука за окончување на активностите на организациите поврзани со ФЕТО, како и дека во таа насока сеуште не е направен соодветен чекор.
Меѓу другото, амбасадорката Кара рече дека еден од основните критериуми на Турција за односите со други земји, ќе биде и односот на тие земји во борбата со ФЕТО.
„Односите помеѓу Турција и Македонија се на едно толку завидно ниво што можат да послужат за пример кон сите други земји. Целосно сме уверени во тоа дека достојни на овие односи ќе соработувате во правец на преземање соодветни мерки кон институциите приврзани кон ФЕТО во Македонија. Оваа борба треба да ја извршиме рамо до рамо. Почитувани, големи се нашите очекувања од Македонија", истакна амбасадрката Кара.
- Пораки по повод „15. јули"
По повод одбележеувањето на 15. јули, годишнината од обидот за државен удар во Турција, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов упати порака до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, којашто беше прочитана на денешниот настан.
„Во мое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија остро го осудувам ваквиот чин насочен против демократски избраните власти на Република Турција. Насилството во било која форма и за било која цел е апсолутно неприфатливо. Им оддаваме почит и на лица кои херојски ги загубија своите животи, спречувајќи ги пучистите во остварување на нивните нелегални цели. Овие херои запишаа незаборавна историја", се вели во пораката на претседателот Иванов.
Пораки по повод годишнината од обидот за државен удар во Турција упатија и министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска и министерот за култура на Република Македонија Роберт Алаѓозовски.
Во рамките на денешниот настан беше претставена изложба со фотографии и беше прижан видео запис со хронолошки редослед на настаните од 15 јули, во продукција на новинската агенција Anadolu Agency (AA).
На настанот беа доделени и награди на учениците од основните и средните училишта за конкурсот во организација на Сојузот на турски невладини организации во Република Македонија (МАТУСИТЕБ).