Kemal Karadağ
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагата започната по обидот за државен удар во Турција, кој на 15 јули го извршија група воени лица од турските вооружени сили, лојални на терористичката организација ФЕТО, приведени се и во притвор се задржани 41.326 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинар на АА од Министерството за правда на Турција дознава дека од обидот за државен удар се процесиурани 103.850 осомничени, а 41.236 лица се уапсени и одредена им е мерка притвор.
Меѓу нив се 2.286 судии и обвинители, 104 членови на Високиот апелациски суд, 41 член на Државниот совет, двајца членови на Уставниот суд, тројца членови на Врховниот совет на судии и обвинители на Република Турција (HSYK). Исто така, уапсени се 6.325 воени лица, од кои 168 генерали, 7.624 полицајци, 17 гувернери, 74 заменици гувернери и 100 началници.
На 35.495 приведени им е одредена казнена мерка забрана. Ослободени се 10.265 лица.
По анализата на собраните докази, ослободени се 3.831 лица за кои претходно е донесена одлука за апсење.
Меѓу нив се 1.066 воени лица, 583 полицајци, четворица заменици гувернери, гувернер, двајца началници, 158 судии и обвинители, двајца членови на Врховниот совет на судии и обвинители на Република Турција, член на Државниот совет и осум членови на Високиот апелациски суд.
Се трага по 5.150 лица, меѓу кои и 198 судии и обвинители, шест членови на Државниот совет, 25 членови на Високиот апелациски суд, 115 воени лица, 223 полицајци, гувернер, тројца заменици гувернери, осум началници и 4.571 вработени во јавната служба.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, е одговорна за обидот за државен удар во Турција на 15 јули минатата година. Турските власти официјално побараа од САД да биде испорачан Ѓулен, за кого претходно е издадена потерница поради формирање и водење на терористичка организација и низа други кривични дела.