Dzihat Aliju
03 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје за прв пат се одржа ифтарска програма за деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред ифтарот кој се одржа во градината на Мустафа пашината џамија во Скопје, децата имаа прилика да се забавуваат во рамките на пригодната програма.
Децата поминаа убаво време со бројни игри, слушајќи песни за деца. Исто така на деца им беа нацртани лицата со различни бои, додека во игрите кои беа одиграни за време на програмата, добија награди.

Програмата со учество на девојчиња и машки од различни возрасни групи, заврши со ифтар со посебно мени за децата.
Амбасадорката Кара, во изјава за медиумите, осврнувајќи се на сличностите меѓу турскиот град Бурса и Скопје, изрази задоволство поради тоа што се наоѓа во една прекрасна духовна атмосфера.
Кара нагласи дека месецот на постот Рамазан во Скопје поминува слично како во Турција, и истакна дека во Скопје преовладува османлиска традиција.
Еден од организаторите на оваа активност, Бушра Дилиоглу, истакна дека оваа активност започна како една добротворна иницијатива.
Дилиоглу рече дека посакале да создадат еден незаборавен спомен на Рамазан за деца и жените кои живеат во Скопје.
„Започнавме со 40-50 деца, потоа дојде локална поддршка, дојде поддршка и од Турција, и на настана една организација каде собравме 400-500 деца“, додаде Дилиоглу.

Билал Рамука, учесник во оваа програма, истакна дека се забавувал многу убаво, и очекува да се организраат вакви програми и во иднина.
Мехмет Акиф Ајар, кој живее во Скопје, нагласи дека одиграле различни игри, Тој додаде дека поминале добри моменти, и дека се забавувале.
Фуркан Сулејман рече дека од 10-годишна возраст започнал да пости, и дека поминале убаво време во оваа програма наменета за деца.