Stipe Majic
26 Ноември 2020•Ажурирај: 27 Ноември 2020
ЗАГРЕБ - Во последните 24 часа регистрирани се 4.009 нови случаи на Ковид-19 и 51 смртен случај како последица на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројката на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 21.725“, соопшти Штабот за цивилна заштита на оваа земја.
Меѓу нив, 2.171 пациент се под лекарски третман, од кои 252 се врзани на респиратор.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, досега се детектирани 115.626 лица позитивни на коронавирусот, од кои 1.552 починаа. Вкупниот број на оздравени пациенти изнесува 92.349, од кои 2.924 во последните 24 часа“, соопшти Штабот за цивилна заштита на Хрватска.
Во самоизолација во моментов се наоѓаат 50.165 лица.
Досега во Хрватска се тестирани 713.729 лица, од кои 11.487 во последните 24 часа.