Bojana Stojanovic
06 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
БЕЛГРАД
Претседателот на Србија Александар Вучиќ предложи мандатар за составот на новата Влада на Србија да биде досегашната премиерка Ана Брнабиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ја потпишав одлуката за предлог кандидат тоа да биде Ана Брнабиќ. За неа имам многу високо мислење, се работи а жена која својот мандат не го сфати како период на додворување на сите и секому и која жестоко се бореше за својата земја, пред се", рече Вучиќ на прес-конференцијата во Белград.
Тој изјави дека имало повеќе кандидати, дека Брнабиќ во текот на својот претходен мандат водела дисциплинирана и одговорна политика и дека мисли оти својата работа ќе продолжи да ја извршува сериозно и одговорно.
Претседателот на Србија рече дека инсистирал мандатарата да размисли да се воведат уште два министерства, прво за човекови права, рамноправност на половите и општествен дијалог и второто за земејство, грижа за деца и демографија.
Вучиќ рече и дека ја замолил мандатарката близу 50 отсто од членовите на Владата да бидат жени за да на дело се покаже дека се почитува рамноправноста на половите.
„Сите тие луѓе кои ќе работат и во Собранието и во Владата мораат да бидат вредни, грижливи, посветени. Ќе има големи промени во јавните претпријатија, верувам и брзи промени и се надевам дека тоа ќе донесе нов квалитет, нова енергија и нова сила за Србија", истакна Вучиќ.
Исто така, Вучиќ ги повика народните пратеници на Собранието на Србија да го поддржат предлогот за избор на Брнабиќ.
Како предизвици во наредниот период ги наведе притисоците околу Косово и обидите на „приморување Србија да го признае Косово, а за тоа да не добие ништо или речиси ништо", здравствената ситуација кога коронавирусот ќе биде посилен во земјата, како и тоа како во време на коронавирусот да се одржи економскиот ритам кој е писутен во Србија и денес.
Според него, и покрај предизвиците, сепак е оптимистичен.
Како што рече Вучиќ, целите на новата Влада на Србија треба да бидат да се подигне економската сила на Србија, односно животниот стандард на обичните луѓе и понатаму да расте и порак тоа што светот е погоден со коронавирусот (Ковид-19), понатамошна изградба на патишта и пруги, нови проекти како што е изградбата на метро во Белград, унапредување на здравствената моќ на Србија, како и зачувување на мирот и стабилноста, што е услов за сето она што е претходно наведено, поради што додатно ќе се засилва армијата и полицијата.
„Затоа не се залагаме за замрзнат конфликт, туку бараме компромис за прашањето на Косово, но морам да повторам дека Србија не смее да се согласи на понижувања", додаде Вучиќ.
На изборите на 21 јуни, две третини од местата во Собранието на Србија, односно 188 мандати освои владејачката Српска напредна странка (СНС), Социјалистичката партија на Србија има 32 пратеници, а прв пат мандати освои СПАС на Александар Шапиќ кои имаат 11 пратеници. Во Собранието влегоа и четири малцински партии, па Сојузот на војвоѓанските Унгарци го застапуваат 9 пратеници, Партијата на правдата и помирувањето има 4, додека по 3 мандати освоија СДА Санџак и Албанската демократска алтернатива - Обединета долина.
Со конституирањето на новиот состав на Собранието на 3 август, започна да тече законскиот рок од 90 дена за формирање на новата Влада на Србија.