Senita Sehercehajic
06 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
БЕЛГРАД
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, денеска разговараа телефонски и се согласни за тоа дека Европската Унија (ЕУ) и Западен Балкан се насочени еден кон друг во условите на пандемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тие разговараа пред денешниот Самит меѓу Европската Унија и Западен Балкан кој ќе биде одржан преку видеоконференција.
Како што е соопштено од неговиот Кабинет, Вучиќ се заблагодарил на ЕУ за помошта кон жителите на Србија, додека Мишел ја истакнал солидарноста која Србија ја покажувала упатувајќи помош на жителите на Италија и помагајќи на регионот на Западен Балкан.
„Мишел изјави дека ЕУ е посветена на европската перспектива на Западен Балкан и јакнењето и интензивирањето на поддршката со политичките, економските и општествените реформи во регионот. Тој напомена дека ЕУ издвоила 3,3 милијарди евра за помош на регионот, имајќи ги предвид последиците на Ковид-19 врз економијата на Западен Балкан“, соопшти претседателот на Европскиот совет.
„Разговарано е и за наредните чекори на европскиот пат на Србија, а Вучиќ изјави дека Србија продолжува со процесот на реформите и со целта за придружување на ЕУ. Разговарано е и за регионалната соработка, при што е нагласена определбата на Србија за политиката на мир и соработка на Западен Балкан“, се соопштува од Кабинетот на Вучиќ.