Fatjon Cuka
09 Септември 2021•Ажурирај: 12 Септември 2021
ТИРАНА (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел на 14 февруари ќе оствари посета на Албанија, во чии рамки ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама, и со високи функционери на земјите од Западен Балкан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Амбасадата на Германија во Тирана соопшти дека Меркел првин ќе се сретне со премиерот Рама.
Се вели дека планирано е на средбата да се дискутира за прашања за економската политика и билатералните односи меѓу Албанија и Германија, но и за прашања во врска со приближувањето кон ЕУ.
Според соопштеното, во понатамошните средби со челниците на владите на земјите од Западен Балкан, на преден план ќе бидат прашањата во врска со регионалната соработка.
Исто така, во Тирана се планирани билатерални средби и со челниците на владите на Косово, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.