Vesna Besic
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
САРАЕВО
Градините на угостителските објекти во Сараево, од синоќа, по двомесечната пауза, се полни со гости, јавува Агенција Анадолија (АА).
Федералната управа на цивилната заштита (ФУЦЗ) синоќа донесе одлука со која се дозволува работа, односно пружање услуги на угостителските објекти од сите категории и хотели на отворен простор (градини и тераси), со почитување на посебни епидемиолошки мерки. Во угостителските објекти со оваа наредба се забранува употребата и консумирањето на наргиле.
Шеталиштето на Сараево, Ферхадија, и Башчаршија повторно се оживеани и преплавени со граѓани кои го искористија убавото време да се дружат во градините.
Меѓу угостителските објекти има и такви кои сè уште не ги отворија вратите за гостите, но сепак, по долгата пауза, сè уште ги чистат и ги подготвуваат повторно градините за работа.