Vesna Besiç
19 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
САРАЕВО (AA) - Сарајлиите веќе два дена во просториите на Националната и универзитетска библиотека БИХ (НУБ) во Сараево, во рамките на проектот "Денови на собирање на спомените од Првата светска војна 1914-1918", донесуваат спомени, слики, писма и предмети кои се стари дури и по 100 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Секое писмо, слика и предмет ја зборуват својата приказна од далечното минато. НУБ е организатор и домаќин на проектот кој се реализира под покровителство на "Europeane, Fact&Files Institute" и со донација на Фондацијата за заштита на историското наследство.
Муамера Смајиќ, вработена во Библиотеката, за АА појасни дека "Europeana" , европската дигитална библиотека, архив и музеј, кој главно го финансира Европската комисија како и дека на јавноста и е претставена 2008 година.
"Europeana" денес содржи повеќе од 48 милиони документи и на содржината придонесува со повеќе од 3.500 библиотеки, архиви, музеи и аудио-визуелни архиви од 22 земји и има повеќе од седум милиони посетители годишно. Целиот проект почна во Германија 2011 година и неговата цел е да ги собере успомените и семејните приказни за битките во Првата светска војна.
"Пред две години од "Europeanа" дојде првиот повик, ние како Национална библиотека да се вклучиме во овој проект покренат од 2011 година. Идејата дојде од Универзитетот Оксфорд. Околу 22 земји до денес учествуваа во овој проект. Всушност, станува збор за собирање на семејни прикасни и нивни спомени кои се дигитализираат и ажурираат во еден, сега веќе паневропски архив", појасни Смајиќ.
"Деновите на собирање на спомените од Првата светска војна 1914-1918 година" завршуваат денес, но НУБ и потоа ќе остане отворен за поединци кои сакаат да ги споделат своите спомени.
"Одзивот беше многу добар со оглед дека кај нас луѓето во минатата војна загубија многу од тие спомени. Меѓутоа, сепак, доаѓаат поединци, а главно се работи за слики, разгледници, писма, нешто помалку предмети ...", рече Смајиќ.
Меѓу граѓаните кои ги донесоа своите спомени во просторијата на НУБ беше и Јасна Хаџиахметовиќ- Беркиќ.
"Донесов две фотографии, од мојата прабаба и нејзиниот брат и писмо на нејзиниот син каде им се обраќа на своите браќа во Загреб и ги моли да и помогнат на мајката, бабата и сестрата на која и вели да не се грижи за мачките, да ги храни. Тоа е 1915 година. Семејството на мојата мајка доаѓа со Австроунгарија, мајка ми останува" , истакна Хаџиахметовиќ- Беркиќ.
Нагласи дека овие спомени сосема случајно се сочувани кога ќе се земат в предвид случувањата во '90-те години.
"Драго ми е што и денес имам писмо кое што е старо 100 години" ,рече Хаџиахметовиќ- Беркиќ.