АНКАРА (AA)
– Севал ОЏАК АДИЈАМАН
Утврдено е дека Грција потиснала вкупно 41.523 нерегуларни мигранти од 2020 година до 31 мај 2022 година.
Според Извештајот за оттурнувања и удавени во Егејското Море, подготвен од страна на институцијата Народен правобранител на Туркије, се посочува дека миграцијата е најконкретен резултат на постојните системи и политики на кои приоритет им е безбедноста и интересите на развиените земји.
Во извештајот се наведува дека развиените земји, кои се причина за појавата на средини кои не им даваат право на живот на луѓето во регионите во кои се случуваат конфликти, со своите строги политики за враќање назад ја попречуваат миграцијата на овие луѓе кои се надеваат на подобар живот, и се забележува дека поимот „оттурнување“ што се користи во меѓународната литература сам по себе не е доволен за да ги опише сериозните прекршувања на правата.
Во извештајот се посочува дека доколку продолжи да се замижува пред практиките за оттурнување и не се преземат мерки, тогаш тоа ќе се евидентира како датум на почеток на губење на сите придобивки во однос на човековите права и правото за азил, додека од друга страна, политиката на затворени врати што се применува кон граѓаните на Сирија, Авганистан и земји од други региони, не се однесува на мигрантите од Украина.
Во извештајот, во кој се опфатени кршењето на човековите права од страна на Грција кон нерегуларните мигранти, се наведува дека практиките на Грција се далеку над кршењето на правото на азил, па дури и го повредуваат правото на живот. Како резултат на практиките на оттурнување на мигрантите од копното на оваа земја, минатата година животот го загубија 53 нерегуларни мигранти, а до 31 мај годинава од премрзнување и давење во водите на Марица животот го загубија 33 нерегулирани мигранти.
Во извештајот се наведува дека во практиките на Грција за оттурнување од морските води на Грција, нерегуларните мигранти, понекогаш врзани со лисици одзади, а понекогаш без елек за спасување, од страна на грчките елементи директно биле фрлани во морето, при што минатата година животот го загубиле 8 нерегуларни мигранти и 3 мигранти оваа година, заклучно со 31 мај.
Според податоците објавени во извештајот на Дирекцијата за управување со миграции, констатирано е дека од 2020 година до 31 мај 2022 година од страна на грчките елементи биле оттурнати вкупно 41.523 нерегуларни мигранти, при што е дадена следната оценка:
„Како што оттурнувањето само по себе е против меѓународното право, така и поголемиот дел од практиките на оттурнување се придружени со сериозни прекршувања на правата. Кога ќе се анализираат податоците на Мрежата за следење на граничното насилство во врска со практиките на оттурнување од страна на грчките елементи, од 2019 година до август 2020 година во реката Мерич, може да се добие идеја за тежината на практиките на оттурнување. Соодветно на тоа, регистрирано е дека 98 отсто од изјавите дадени за оттурнувањата вклучуваат тортура и малтретирање. Од 8.000 бегалци кои дошле на грчката граница, 88 отсто биле тепани и клоцани, 97 отсто биле ограбени, 49 отсто биле принудени да се соблечат, 16 отсто се удавиле, кон 19 отсто било користено оружје, врз 5 отсто е извршен сексуален напад, 8 отсто бил изложени на електрошок. Само 2 отсто изнесува стапката на мигрантите кои пристигнале во Грција, а врз нив не било извршено насилство. Документирано е и дека 68 отсто од децата биле изложени или биле сведоци на насилство, вознемирување и злоупотреба.“
Бидејќи потиснатите мигранти се ефикасно спречени да ги бараат своите права, да пристапат до механизмите за поплаки и да пријават правни повреди, во извештајот се посочува дека утврдените бројки се врвот на сантата мраз, при што во стотици случаи е докажано дека потиснувања се вршени од официјални службеници, а во многу случаи, луѓе во цивилна облека дејствувале во координација со официјални лица или по нивни наредби и инструкции.
Во извештајот се нагласува дека практиките на потиснување не се независни од политиките на државата, и се истакнува дека наместо поединечни случаи, сосема е јасно дека станува збор за систематска имплементација во рамките на синџирот на командите, при што е утврдено дека се извршени 18 различни прекршувања на правата како резултат на 50 различни практики на оттурнување што ги применува Грција кон имигрантите и бегалците.
Во извештајот се истакнува „Со конкретни докази се покажа дека Фронтекс (Европската агенција за гранична и крајбрежна безбедност) учествуваше во овие акции на Грција, поддржа многу акции и одобри голем број од нив.“
Овој специјален извештај подготвен од институцијата Народен правобранител, има за цел да допре до заедничката совест на човештвото во име на сите жртви на практиките на оттурнување и прекршување на правата, кои се чувствуваат беспомошни пред моќта на која биле изложени, во име на оние кои мислеле дека нивниот глас нема да се чуе, оние кои биле цел на систематски, организирани и планирани акции за да ја изгубат надежта за барање на своите права и сите бегалци и имигранти кои ја изгубиле надежта да ги бараат своите права.
Во извештајот се вклучени и препораки насочени кон Европската Унија, Грција, Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации и на Турција.
Иако на Европската Унија ѝ се препорачува дека човековите права и правото за меѓународна заштита треба да се земат како основа во сите одлуки што треба да се донесат во врска со миграцијата и мигрантите и граничните контроли, се истакнува дека треба да се напушти политиката за спречување на миграцијата по секоја цена, а фокусот треба да биде на борба против факторите кои предизвикуваат миграција. Некои од предлозите за Грција се:
„Треба да се напуштат систематските практики на потиснување од копно и море. Кон имигрантите треба да се постапува со почитување на човечкото достоинство и треба да се преземат чекори за зајакнување на имплементацијата на меѓународните прописи за човекови права. Треба да се напуштат суровите и строги практики кои го кршат и загрозуваат правото на живот, како што се дупчењето на чамците, оттурнувањето при ладно време со одземање на облека, фрлањето во море или река со врзани раце и заплашувањето со огнено оружје. Со напуштање на политиката на негирање на оттурнувањата, да се спроведе независно и непристрасно истражување за тврдењата.“
Додека во извештајот се вклучени и препораки до Високиот комесаријат за бегалци на ОН, предложено е Турција да работи на формирање меѓународна комисија за испитување на случаите на потиснување.
Се препорачува Турција редовно да ја известува меѓународната јавност, институции и организации, медиумите и грчките власти, за случаите на потиснување, приложувајќи докази. Се препорачува избор на поефикасен начин на функционирање на политиката, фокусирана на преговори, дијалог и соработка, која во прв план ќе ги стави правата на бегалците и имигрантите, со цел да се елиминираат поплаките од потиснувањето и да се избегнат страдањата.
news_share_descriptionsubscription_contact
