Stipe Majic
31 Март 2023•Ажурирај: 01 Април 2023
ЗАГРЕБ (АА) - На аерoдромот во Пула, Хрватска, се урна мал спортски авион. Во несреќата смртно настрадаа двете лица што се наоѓале во авионот, пренесува Анадолу.
При полетувањето на малиот спортски авион од аеродромот во Пула дојде до несреќа во која животот го загубија маж и жена, единствените патници во авионот, пренесоа хрватските медиуми.
Наводно загинатите се германски државјани, имајќи ја предвид регистрацијата на авионот. На теренот се екипите на итната и противпожарната служба.