Ata Ufuk Şeker
16 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
БРИСЕЛ
Европската унија (ЕУ) ќе обезбеди поддршка од 80 милиони евра за Северна Македонија поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европската комисија (ЕК) соопшти дека е потпишан меморандум за разбирање за осигурување финансиска поддршка за Северна Македонија
Во соопштението се нагласува дека за Северна Македонија ќе се обезбеди макро-финансиска поддршка од 80 милиони евра со цел ограничување на економските ефекти на Ковид-19.
ЕУ обезбедува макро-финансиска поддршка за земјите кои се во близина во периоди на економска криза.
За оваа поддршка потребно е исполнување на некои услови.
Финансиската поддршка на ЕУ содржи многу поповолни услови за отплатување во споредба со кредитите кои во нормални околности овие земји може да ги земаат од пазарот.