Aldijana Hadzic
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
ЗАГРЕБ
Жолто предупредување издадено е поради неповолните временски прилики во неколку региони во Хрватска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Предупредувањето поради невреме проследено со грмежи издадено е за подрачјето на осјечкиот, книнскиот, сплитскиот и дубровничкиот регион.
Во предупредувањето објавено на интернет страницата на Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска се наведува дека локално е можен пообилен дожд и дека таа количина би можела да биде поголема од 30 милиметри.
„Бидете вниматели и свести за можноста од локализирано поплавување на помал број градби со локален прекин на активностите на отворено. Се очекуваат тешки услови за возење поради намалување на видливоста и влажни коловози", се наведува во соопштението.
Жолтото предупредување се издава за потенцијално опасното време.