Hanife Sevinç,Emrah Güney
02 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА)- Морскиот премин Босфор поради густата магла денес е затворен за сообраќај на бдоровите во два правци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштувањата од Дирекцијата на пристаништето во Истанбул, густата магла предизвикала и намалена видливост поради што од безбедносни причини е затворен преминот за сообраќај.
Од друга страна, снегот кој веќе три дена неповолно влијае на животот во Истанбул и денеска оневозможува редовно одвивање на авиосообраќајот.
На тој начин авиокомпанијата "Turkish Airlines" (THY) на аеродромите Ататурк и Сабиха Ѓокчен откажа 34 меѓународни лета, како и летови во рамките на земјата додека "Pegasus" откажа 28, а "Onur Air" откажа еден лет.