Fatjon Cuka
29 Октомври 2021•Ажурирај: 30 Октомври 2021
ТИРАНА
Земјотресот со јачина од 4,5 степени кој денеска ја погоди Албанија, предизвика штета во неколку станови во општина Булчица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од оваа општина потврдија дека се пријавени штети кај 14 стана во неколку зони.
„За среќа, нема загуба на животи и големи штети кај становите“, се вели во соопштението.
Потсетуваме, Институтот за геонауки на Албанија потврди дека епицентарот на земјотресот бил во местото Булчица во дебарската област во земјата, и дека земјотресот со јачина од 4,5 степени се случил на длабочина од 14 километри.
Во соопштението беше наведено дека во дебарската област биле регистрирани неколку земјотреси со мал интензитет.
Земјотресот предизвикал паника кај жителите на Булчица, кои по земјотресот излегле надвор од своите домови и затворени простории.