Adel Ömeragiç
24 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Пратениците на црногорскиот Парламент го избраа денес Иван Брајовиќ, лидерот на Социјалдемократите, за нов шеф на Парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
За избор на Брајовиќ гласаа 42 од вкупно 81 пратеник, колку што брои црногорскиот Парламент.
За негов избор гласаа пратениците на Демократската партија на социјалистите, Социјалдемократите, Бошњачката партија, Хрватската граѓанска иницијатива и коалицијата „Албанците одлучно”.
Пратениците на Демократскиот фронт, Социјалдемократската партија, Социјалистичката народна партија, Демократите, Демос и граѓанското движење УРА бојкотираа на денешното заседание, бидејќи не ги признаваат резултатите од изборите.
Пратениците на денешното собраниско заседание го избраа и потпретседателскиот парламент, како и претседателот и членовите на Административниот одбор на Собранието.
На парламентарните избори, кои се одржаа на 16 откомври, Демократската партија на социјалистите освои 36 мандати, Демократскиот фронт 18, коалицијата Клуч девет, Демократите осум, а Социјалдемократската партија четири мандати.
Социјалдемократите и Бошњачката партија освоија два, а коалицијата „Албанците одлучно” и Хрватската граѓанска иницијатива по еден пратеник.