Gorana Jakovljevic
03 Април 2022•Ажурирај: 03 Април 2022
БЕЛГРАД (АА) - Излезноста на гласачите на денешните претседателски, парламентарни и локални избори во Србија до 12 часот изнесува 20,52 отсто, од вкупно запишаните 6.502.307 гласачи, соопштено е на прес-конференцијата на Републичката изборна комисија на Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Републичкиот завод за статистика, Миладин Ковачевиќ, рече дека излезноста во регионот на Белград е 18,23 отсто, во Војводина 23,93 отсто, во регионот на Шумадија и Западна Србија 19,28 отсто и во регионот на Јужна и Источна Србија излезноста изнесува 21,14 отсто.
Додаде дека нема податоци за гласањето на Србите од Косово, кои гласаат на избирачките места во општините Бујановац, Куршумлија, Рашка и Тутин.
Во Србија денеска се одржуваат претседателски, парламентарни и локални избори. На претседателските и парламентарните избори во Србија право на глас имаат 6.502.307 гласачи, кои гласаат на 8.267 избирачки места. На парламентарните избори се натпреваруваат 19 избирачки листи, а за претседател на Србија во трка се осум кандидати. За изборите се регистрирани 5.218 набљудувачи, 4.618 домашни и 531 странски набљудувач.