Ekipa
03 Април 2022•Ажурирај: 04 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 196 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 306.670, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавено е едно починато лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.228.
Институтот за јавно здравје регистрира 23 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 295.457.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.985.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.067 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.969.035 тестирања.