Andjelija Stojkovic
03 Април 2022•Ажурирај: 03 Април 2022
БЕЛГРАД (АА) - Излезноста на изборите во Србија во првите три часа од гласањето изнесува 9,59 отсто, изјави денес директорот на Републичкиот завод за статистика, Миладин Ковачевиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во Белград гласале 8,53 отсто од запишаните гласачи, во Војводина 12,32, во Шумадија и западна Србија 8,02 отсто, додека во јужна и источна Србија 9,15 отсто“, рече Ковачевиќ на прес-конференцијата на Републичката изборна комисија.
Претседателот на Комисијата, Владимир Димитријевиќ, рече дека до 10 часот излезноста била најголема во Каравуково, 24,8 отсто, и во Сивац 21,9 отсто.
Додаде дека гласачките места во Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија се затворени, и дека овие резултати ќе бидат соопштени заедно со останатите.
На претседателските и парламентарните избори во Србија право на глас имаат 6.502.307 гласачи, кои гласаат на 8.267 избирачки места.
На парламентарните избори се натпреваруваат 19 избирачки листи, а за претседател на Србија осум кандидати.
За изборите регистрирани се 5.218 набљудувачи, 4.618 домашни набљудувачи и 531 странски набљудувач.