Oktaj Omeragikj
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 3 дена (од 12.8 до 14.8.2022), во земјата е спроведено тестирање на 2.095 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 889 биле позитивни на коронавирусот. Од вкупниот број на позитивни (889), 199 се реинфекции. Вкупната бројка на евидентирани случаи на зараза од почетокот на пандемијата во земјата достигна 335.451, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 3 дена (12.08 - 14.08.2022) пријавени се 7 починати лица од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително се регистрирани три починати лица, во периодот од 28.7 до 1.08.2022 година. Досега поради коронавирусот во земјата животот го загубија 9.424 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.228 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега оздравени изнесува 322.468.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 3.559.
Министерството за здравство информира дека досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирања на примероци сомнителни на Ковид-19.