СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Сите земји од регионот прогласија голем ризик од епидемија и воведоа дополнителни мерки со цел спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19). Речиси сите земји од Балканот ги забранија масовните собири и спроведоа ограничување на патувањето, пишува Агенција Анадолија (АА).
- Северна Македонија: Од надлежните се бараат насоки за однесување на граѓаните при посета на аптеките
Здружението на приватни аптеки (ЗПАРМ) бара насоки за однесување на граѓаните при посета на аптеките и можност за континуирани набавки на заштитни маски, заштитни одела, средства за дезинфекција на раце и работни површини.
Тие во отворено писмо упатено до министерот за здравство Венко Филипче наведуваат дека треба да се објави соопштение за граѓаните да знаат како да се однесуваат при одење во аптека и што да очекуваат.
„Загриженоста е оправдана и произлегува од момементалниот недостиг на заштитни маски, заштини одела и средства за дезинфекција на раце и работни површини. Недостигот е во толкава мера што не се однесува само на широката потрошувачка, туку и за нашата лична заштита. Ако ние, здравствените работници во аптеките не сме соодветно заштитени и ако само еден вработен во аптека се зарази, имајќи го предвид и моменталниот недостиг на кадар, аптеките нема да може да функционираат", се вели во соопштението од Здружението.
Додаваат дека континуирано ги следат активностите и во целост ги поддржуваат, како што велат, несебичните и навремените заложби и мерки на министерот Венко Филипче и Комисијата за заразни болести во насока на справување со коронавирусот.
Министерот за економија на Северна Македонија Крешник Бектеши истакна дека основните продукти за заштита од коронавирусот кои се продаваат во аптеките (маски, алкохол, ракавици), се предвидени во вчерашната одлука на Владата за замрзнување на цените. Тој соопшти дека откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник со што всушност ќе стапи и во сила, од тој момент Пазарниот инспекторат ќе поче контроли во аптеките низ целата држава.
Министерството за здравство на Северна Македонија денес соопшти дека потврдени три нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на заразени од овој вирус изнесува 26.
- Институциите и граѓаните во Албанија со мерки против ширењето на коронавирусот
По потврдување на првите случаи со Ковид-19 на 9 март во Албанија, здравствените институции, како и самите граѓани презедоа мерки за да обезбедат маски и други заштитни средства.
Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија пред неколку дена соопшти дека во сите здравствени структури во земјата почнало делењето на хируршки маски. Меѓу другото, според наредбата на ова министерство, за услугите за кои е потребно директен контакт со јавноста, институциите треба да го опремат персоналот со заштитни средства за работа.
За граѓаните маските се нудат во аптеки во целата земја, но поради зголемената побарувачка, сите аптеки немаат маски, додека граѓаните се жалат од покачување на цените на овие маски. За здравствениот персонал, маскат и другите заштитни средаства се нидат од страна на институциите.
Низ улиците на грацовите во земјата, дел од граѓаните ги користат маските, додека најмногу се користат во простории и активностите на отворено, особено низ продавници.
Од друга страна, институциите извршиле и дезинфекција на нивните простории, но и на јавните простории, според инстирукциите преземени од здравствените установи.
Државниот здравствен инспекторат изврши мониторинг во врска со дезинфекцијата и хигиенско-санитарните услови во сите гранични точки во земјата, но и во другите простории.
Во соопштението објавено на интернет страницата на фармацевтите на Албанија се наведува дека фармацевтите имаа заедничка одговорност за зачувување на складирање на потребните залихи на фармацевтски производи (лекови, маски, и друго) за исполнување на побарувачката, како и информирање на граѓаните.
Меѓу другите мерки во Албанија се и затворање на образовните установи, забранување на влезовите со соседните земји за граѓаните, одложување на сите авиолинии со некои земји, одложување на градскиот транспорт, и движењето на приватните возила, како и ограничување на движењето на граѓаните.
Според податоците на Министерството за здравство и социјална заштита на оваа земја, бројот на откриени случаи на Ковид-19 во Албанија се искачи на 55 лица, од кои на 11 март почина едно 73-годишно лице.
- Недостиг на заштитни хигиенски средства во Косово
Во Косово состојбата со снабдување со стока е задоволителна освен снабдување со брашно кое во последните денови е купено во големо од страна на граѓаните, додека Здружението на мрежата на продаваи на мало во Косово соопшти дека продавниците на прехранбени производи почнувајќи од 17 март ќе работат со работно време од 12 часа со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Но, незадоволителна состојба има во аптеките каде граѓаните чекаат ред за купување некоја маска или ракавици, како и во маркети.
Голем број граѓани во последно време се жалат на социјалните мрежи дека се врши неправда со зголемување на цените на маските, ракавиците и различни средства за дезинфекција, додека државните власти упатија апел за секое покачување на цените да се пријави во надлежни органи.
Досега, Даночната управа на Косово издаде казна за 120 фирми за покачување на цените во Косово, додека прими над 3.000 жалби од граѓаните.
Од трите општини кои се под карантин од откирвање на првите случаи со Ковид-19, општините Клина, Малишево и Витина, побарале дополнителна набавка на основни средства, маски, ракавици и средства за дезинфекција.
Надлежните институиции во земјата, општинските и админситративните работници презедоа заштитни мерки вршејќи дезинфекција на просториите, како и снабдувајќи се со ракавици, и маски, но сеуште некои компании имаат проблеми.
Бројот на заразени со Ковид-19 во Косово е вкупно 16 лица, додека Националната институција за јавно здравје на Косово соопшти дека досега биле тестирани вкупно 263 сомнителни случаи. Првите случаи со Ковид-19 во земјата беа откриени на 13 март.