Zylfije Adem Jakupi
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
ПРИШТИНА (АА) - На свечена виртуелна церемонија денес е потпишана формализација на дипломатските односи меѓу Република Косово и Израел, по признавањето договорено во Вашингтон на 4 септември 2020 година со посредство на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Официјалното потпишување на дипломатските односи го извршија министерката за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, Мелиза Харадинај-Стубла и министерот за надворешни работи на Израел, Габриел Ашкенази.
Признавањето на Косово од страна на Израел е договорено во рамките на договорот од Вашингтон за нормализација на економските односи помеѓу Косово и Србија, потпишано на 4 септември во Белата куќа во присуство на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.