Agim Sulaj
15 Јануари 2021•Ажурирај: 16 Јануари 2021
ПРИШТИНА (АА) - Владата на Косово предводена од премиерот Авдула Хоти, одржа онлајн состанок во чии рамки усвои одлуки и документи од областа на нејзините уставни и законски одговорности, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на косовската Влада се известува дека владиниот Кабинет ја усвоил иницијативата за постигнување договор за соработка помеѓу Владата на Косово и Владата на Северна Македонија за спречување и водење борба против насилниот екстремизам и тероризмот.
По усвојување на оваа иницијатива, Владата го овласти Министерството за внатрешни работи да ги спроведе сите потребни чекори за постигнување на овој договор со соседната земја.
Според истражувањата направени во последните години од страна на локалните и меѓународните организации, Косово и Северна Македонија, врз основа на бројот на население, се две земји помеѓу земјите со најголем ризик од насилниот екстремизам во Европа.