Agim Sulaj
15 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа седум пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.399, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 296 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 55.135.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.659 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 205.352 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 48.572 лица. Во моментов во земјата има 5.164 активни случаи.