Vesna Besiç
10 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
МОСТАР (АА) - Голем број туристи во текот на целата година го посетуваат Мостар, првенствено поради Стариот мост, изграден помеѓу 1557 и 1566 година, дело на османлискиот градител Мимар Хајрудин, јавува Anadolu Agency (AA).
Стариот мост е главна атракција на градот на југот на Босна и Херцеговина, кој привлекува внимание и на голем број фотографи од сите делови на светот. Сите сакаат да ја забележат убавината на познатиот мост преку реката Неретва во Мостар.

Стариот мост е срушен во текот на војната во Босна и Херцеговина, 1993 година, а обновен по војната и повторно отворен за јавноста на 23 јули 2004 година. Во јули 2005. година, мостот е ставен на листата на УНЕСКО за заштита на споменици од културата.

Покрај лошите временски услови и ниските температури, туристите и во текот на зимата не престануваат да доаѓаат и да уживаат во убавините на Мостар.