Adel Ömeragiç
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
ПОДГОРИЦА (АА) - Службениците на Царинската управа и Управата на полиција на Црна Гора вчера на граничниот премин Добраково, кој води кон Србија, контролираа товарно возило и на тој начин пронајдоа и одзедоа околу 63 килограми дрога, при што беше упасена една личност, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што беше наведено во заедничкото соопштение на Царинската управа и Управата на полиција, царинските и полициски службеници, на граничниот премин Добраково, на излезот од Црна Гора, го стопираа и извршија контролира на специјално товарно возило - марка „Волво", со регистарски ознаки од Подгорица, а со кој управува М.М. (28) од Подгорица.
„При деталниот преглед на возилото, беше користена специјалистичка опрема, во товарниот дел на ладилникот во патосот, беше пронајден специјално направен бункер, во кој беа поставени 59 поголеми ПВЦ пакувања со содржина од билна материја со темнозелена боја, за што се сомнева декастанува збор за манихуана тип сканк, со вкупна тежина од 62,8 килограми", се наведува во соопштението.
За случајот беше информиран државниот обвинител во Бијело Поље, кој наложи М. М. да се лиши од слобода и да биде приведен со кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет опојни дроги.
Пронајдениот сканк е испратен во Форензичкиот центар за вештачење.