AA
27 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
ПОДГОРИЦА (АА) - Министерството за образование, наука, култура и спорт на Црна Гора ги информира директорите на сите училишта дека денеска повеќе нема да се одржува настава, поради предизвикувањето паника по дојавите за поставени бомби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Утрово неколку училишта во повеќе градови во Црна Гора добија закани за бомби, по што беа евакуирани и наставата беше прекината.
Полицијата соопшти дека нејзините полицајци ги обезбедуваат училиштата каде што пристигнале закани со бомби, ги прегледуваат и проверуваат објектите.
Дојави за бомби пристигнаа утрово на адреса на општините Никшиќ, Бар, Беране и Плав.