Admir Fazlagic
05 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
СКОПЈЕ (АА) - Невреме проследено со силен ветер и дожд ја зафати Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во делови од главниот град на државата, Скопје, има откорнато покриви и дрвја кои го попречуваат сообраќајот.
Од Град Скопје соопштија дека вечерва се очекува засилен ветер и дожд а во утринските часови и можна појава на снег.
„Ги повикуваме граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите, да избегнуваат прошетки под дрвореди и да не ги паркираат своите возила под крошните на дрвјата. Градските екипи се подготвени за расчистувањето на снегот, а од „Паркови и Зеленило“ се веќе на терен каде ги подигнуваат паднатите гранки и дрвја", се вели во соопштението објавено на официјалниот профил на Град Скопје на социјалните мрежи.
Од Центарот за управување со кризи ја објавија информацијата на Управата за хидрометеорологија во која се навдува дека во вечерните часови од север и особено во горниот тек на Повардарието започна да дува умерен до силен претежни југоисточен ветер.
„Преку ноќта ветерот ќе се смени од југоисточен кон северен и понатаму ќе има умерен до засилен интензитет и ќе има врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе се поинтензивни и во вториот дел од ноќта ќе поминуваат во врнежи од снег. Во Скопје вечерва ветерот ќе се промени во северен и понатаму умерен до силен. Ќе има повремени врнежи од дожд кои до изутрина во делови од котлината ќе поминуваат од дожд во снег", се вели во соопштението.
- Невреме и во Косово
Косовската компанија за дистрибуција и снабдување со електрична енергија (КЕДС) сооптши дека вечерва силни ветрови предизвикаа повеќе десетици кварови во дистрибутивната мрежа на електричната енергија во цело Косово, поради што повеќе од 100 илјади потрошувачи останале без струја.
„Екипите на КЕДС се на терен, а компанијата веднаш ги мобилизираше додатните тимови за да ги санира дефектите во најкраток можен рок, но ветерот со јачина и до 80 километри на час предизвика значителна штета", се веели во соопштението на КЕДС.