Adel Ömeragiç
17 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Хрватскиот министер за внатрешни работи, Влахо Орепиќ, денес во Подгорица порача дека не постојат информации дека миграционата рута би можела да тргне преку Црна Гора и Хрватска. Тој по состанокот со црногорскиот колега Мевлудин Нухоџиќ изјави дека во наредниот период, црногорската и хрватската полицијата уште повеќе ќе соработуваат на заеднички работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата на МВР на Хрватска, предводена од министерот Влахо Орепиќ, престојува денес во официјална посета на Црна Гора. На состанокот на двете делегации, двајцата министри за надворешни работи искажаа задоволство од соработката на двете полиции, но и најавија заеднички акции во наредниот период.
Министерот Орепиќ изјави дека иако балканската рута за мигрантите е моментално затворена, во хрватското МВР се свесни за целата низа илегални процеси што се однесуваат на територијата на двете држави.
„Не постојат информации дека миграциската рута би можела да тргне преку Црна Гора и Хрватска“, изјави Орепиќ.
Тој порача дека на состанокот се разговарало за безбедноста на гранциите, а исто така истакна дека ќе организираат состанок на тема за подобра соработка на двете полиции.
Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Мевлудин Нухоџиќ, изјави дека со колегата од Хрватска најмногу зборувале за полициската соработка.
„Разговаравме и за прашањето за остварување на шенгенските прописи, кога станува збор за безбедноста на границите. Достигнувањето на тие стандарди значи борба против организираниот криминал, илегалните миграции, тероризмот. Помошта на хрватската полиција во извршувањето на нашите обврски од шенгенските прописи ќе биде значајна за нашата страна“, изјави Нухоџиќ.
Зборувајќи за мигрантската криза, Нухоџиќ изјави дека Црна Гора не се наоѓа на удар, но дека никогаш не може да се знае кое ќе биде наредното движење на мигрантите.
„Затоа продолжуваме со добрата координација во наредниот период. Ние го утврдивме планот, формиравме координациско тело“,истакна Нухоџиќ.
Тој оцени дека безбедносната состојба во Црна Гора е на задоволително ниво.